23 Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика,
24 говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од Назарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“
25 Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“
26 Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него.
27 И се ужаснаа сите, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? И какво е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“
28 И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
29 Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј.