30 А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31 Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.
32 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.
33 И целиот град се беше собрал пред портата.
34 И излекува многу болни што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти Тој е Христос.
35 А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше.
36 А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;