42 И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43 Па, откако го отпушти, му заповеда,
44 и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“
45 А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.