5 И доаѓаа кај него од целата Јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6 А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7 Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8 Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крсти со Дух Свети.“
9 А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јордан.
10 И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.
11 И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“