Марко 10:17-23 MK2006D

17 А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“

18 Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог!

19 Заповедите ги знаеш: не прељу­бо­деј­ствувај; не убивај; не кради; не све­до­чи лажно; не чини неправда; почитувај ги татка си и мајка си.“

20 А тој Му одговори и рече: „Учи­те­ле, сето тоа сум го запазил уште од мла­доста своја.“

21 Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште едно ти не­достасу­ва: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небо­то; па дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.“

22 Тој се натажи кога ги чу овие зборови, и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство.

23 И кога погледна Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за бо­гатите да влезат во царството Божјо!“