Марко 10:27-33 MK2006D

27 Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“

28 И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“

29 А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, за­ради Мене и Евангелието,

30 а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нив­је, а во идниот век – и живот вечен.

31 И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“

32 Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие се чудеа и одеа по Него со страв. И кога ги повика повторно дванаесетмината, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.

33 „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците.