16 и не дозволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17 И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие од него направивте разбојничко гнездо!“
18 И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19 А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
20 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21 И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“
22 А Исус им одговори и рече: