20 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21 И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“
22 А Исус им одговори и рече:
23 „Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24 Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде.
25 И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот Отец, Кој е на небесата, да ви ги прости вашите грешки.
26 Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот Отец, Кој е на небесата, нема да ви ги прости грешките ваши.“