28 па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? Или, кој Ти ја дал таа власт, да го правиш ова?“
29 Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас за нешто и одговорете Ми, а потоа и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам ова.
30 Крштевањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“
31 А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ‚Од небото‘ – ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
32 Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк.
33 И одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ниту јас не ви кажувам, со каква власт го вршам ова.“