3 И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.“
4 Тие отидоа и го најдоа младото магаре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа.
5 И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате магарето?“
6 А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.
7 И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него.
8 И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А други, пак, сечеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа по патот.
9 А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!