Марко 12:14-20 MK2006D

14 Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не се плашиш од никого, зашто не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји. Треба ли да му се дава данок на царот или не? Да даваме ли, или да не даваме?“

15 А Тој, знаејќи ја нивната лицемерност, им рече: „Зошто ме искушувате? Донесете ми еден денариј да го видам!“

16 И тие донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Му рекоа: „На ца­рот.“

17 Тогаш Исус им одговори и рече: „Подајте го царевото на царот, а Бож­јото на Бога!“ И тие Му се восхитуваа.

18 Дојдоа кај Него и садукеите, кои ве­лат дека нема воскресение, па Го пра­шаа, говорејќи:

19 „Учителе, Мојсеј ни напиша: ‚Ако некому умре братот и остави жена, а де­ца не остави, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го подигне потомството на својот брат.‘

20 Беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород.