Марко 12:25-31 MK2006D

25 Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како ангели на не­бесата.

26 А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгите на Мојсеј, како му рече Бог кај капината, велејќи: ‚Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Ја­ковов‘?

27 Но Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие, пак, многу се ла­жете!“

28 Тогаш пристапи еден од книж­ни­ците, кој ги слушаше како се препираат и откако виде дека Исус им одговараше добро, Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“

29 А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ‚Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.

30 Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е првата заповед.

31 А втората е слична на неа: ‚Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга за­по­вед, поголема од овие, нема.“