Марко 12:29-35 MK2006D

29 А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ‚Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.

30 Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е првата заповед.

31 А втората е слична на неа: ‚Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга за­по­вед, поголема од овие, нема.“

32 Книжникот Му рече: „Добро, Учи­теле. Право кажа дека Бог е еден, и де­ка нема друг, освен Него;

33 и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите сепаленици и жртви.“

34 Исус, пак, кога виде дека умно од­говори, му рече: „Не си далеку од цар­ството Божјо.“ И никој повеќе не се ос­мелуваше да Го прашува.

35 И кога одговараше Исус, по­учу­вај­ќи во храмот, рече: „Како тоа книж­ни­ците велат дека Христос е син Давидов,