1 А кога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви градби!“
2 Исус, пак, му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи градби? Ниту камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат!“
3 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј:
4 „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“
5 Исус, одговарајќи им почна да зборува: „Чувајте се да не ве прелаже некој!