14 „А кога ќе видите дека гнасниот пустошник, за кого говори пророк Даниил, стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15 и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16 и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
17 Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18 Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19 Зашто во тие дни ќе има неволја, каква немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20 И ако Господ не ги скрати тие дни, тогаш никој не би се спасил; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати дните.