16 и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!
17 Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18 Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19 Зашто во тие дни ќе има неволја, каква немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20 И ако Господ не ги скрати тие дни, тогаш никој не би се спасил; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати дните.
21 Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте!
22 Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.