20 И ако Господ не ги скрати тие дни, тогаш никој не би се спасил; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати дните.
21 Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, овде е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте!
22 Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23 Но вие – чувајте се! Ете, сѐ однапред ви кажав!
24 Во тие дни, по неволјите, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина,
25 и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и силите, што се на небото, ќе се разнишаат.
26 И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како иде на облаци со голема сила и слава.