27 Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
28 Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу летото.
29 Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата!
30 Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се случи.
31 Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат!“
32 „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.
33 Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот.