3 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј:
4 „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“
5 Исус, одговарајќи им почна да зборува: „Чувајте се да не ве прелаже некој!
6 Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7 А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа сѐ уште не е крајот.
8 Бидејќи ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има и земјотреси и глад и метежи. Тоа е почетокот на страдањата.
9 Но вие чувајте се, зашто ќе ве предаваат на судови; и по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведувани заради Мене, за сведоштво пред нив.