2 но велеа: „Не на празникот, за да не стане бунт меѓу луѓето.“
3 А кога Тој беше во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова.
4 А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?
5 Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.
6 Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело кон Мене!
7 Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.
8 Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за погребение.