28 А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“
29 А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“
30 И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“
31 Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.
32 Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“
33 И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,
34 па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“