31 Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.
32 Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“
33 И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,
34 па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“
35 И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;
36 и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; сепак не како Јас што сакам, туку како Ти!“
37 Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?