35 И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;
36 и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; сепак не како Јас што сакам, туку како Ти!“
37 Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?
38 Бидете будни и молете се да не паднете во искушение: зашто духот е бодар, но телото е слабо.“
39 И пак отиде и се помоли, изговарајќи ги истите оние зборови.
40 А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41 И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.