4 А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?
5 Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.
6 Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро дело кон Мене!
7 Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.
8 Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за погребение.
9 Вистина ви велам: каде и да се проповеда ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“
10 Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетмината, отиде кај првосвештениците за да им Го предаде.