40 А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.
41 И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
42 Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“
43 И веднаш, додека Тој сѐ уште говореше, Јуда, еден од дванаесетмината, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците, книжниците и старешините.
44 А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Тој е: фатете Го и водете Го претпазливо!“
45 Па, кога дојде, веднаш пријде до Него и рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива.
46 А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.