47 Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48 Исус им одговори и рече: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови, за да Ме фатите?
49 Секој ден бев со вас во храмот и поучував, и не Ме фативте. Но, нека се исполнат Писмата.“
50 И откако Го оставија, сите се разбегаа.
51 А по Него врвеше некој млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија тој млад човек.
52 Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
53 И Го доведоа Исуса кај првосвештеникот, и се собраа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.