52 Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
53 И Го доведоа Исуса кај првосвештеникот, и се собраа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.
54 А Петар врвеше по Него оддалеку, сѐ до внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55 Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56 Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа.
57 И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58 „Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“