55 Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56 Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, но тие сведоштва не се сложуваа.
57 И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58 „Чувме кога Тој говореше: ‚Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен.‘“
59 Но ниту тоа нивно сведочење не беше еднакво.
60 И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
61 Но Тој молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“