61 Но Тој молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“
62 Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како доаѓа на облаците небески.“
63 А првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Зошто ни се повеќе сведоци?
64 Чувте како хули на Бога; што мислите?“ И сите тие Го осудија дека заслужува смрт.
65 А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го удираат и да Му велат: „Проречи!“ И слугите Го удираа по образите.
66 Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67 па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти беше со Исус од Назарет.“