69 Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“
70 Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков!“
71 А тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Тој Човек, за Кого говорите!“
72 И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да запее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И почна да плаче.