Марко 14:8-14 MK2006D

8 Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за пог­ребение.

9 Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“

10 Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетмината, отиде кај прво­свеш­те­ни­ци­те за да им Го предаде.

11 А тие, штом чуја, се зарадуваа и ве­тија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.

12 Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“

13 И прати двајца од учениците Свои, па им рече: „Отидете в град; и ќе ве срет­­не еден човек, што ќе носи стомна со вода; одете по него.

14 И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со учениците Свои?‘