Марко 2:16-22 MK2006D

16 Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со цариници и греш­ници, им рекоа на учениците Не­го­ви: „Зошто Тој со цариници и грешници јаде и пие?“

17 Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги пови­кам праведниците, туку грешниците на покајание.“

18 Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа: „Зошто учениците Јованови и на фари­се­ите постат, а Твоите ученици не пос­тат?“

19 Исус им рече: „Зар можат свато­ви­те да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат;

20 но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат.

21 Никој не крпи нова крпа на стара облека; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем.

22 Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“