Марко 2:20-26 MK2006D

20 но ќе дојдат дни, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие дни, и тие ќе постат.

21 Никој не крпи нова крпа на стара облека; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем.

22 Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови.“

23 И се случи во саботен ден да ми­нува преку нивјето, и врвејќи, учениците Негови почнаа да кинат класје.

24 А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават во сабота тоа, што не е допуштено?“

25 Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и ог­ладне тој и оние, што беа со него?

26 Како влезе во храмот Божји, во вре­мето на првосвештеникот Авијатар, ги изеде лебовите на предложението, што не требаше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние, што беа со него!“