13 Потоа се искачи на гората и ги повика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него.
14 Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;
15 и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони:
16 Симон, на кого му даде име Петар;
17 па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи, синови на громот;
18 потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19 и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.