16 Симон, на кого му даде име Петар;
17 па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи, синови на громот;
18 потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19 и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20 И дојдоа в куќи; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат.
21 И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.
22 А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните.