18 потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19 и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
20 И дојдоа в куќи; и пак се собра народ, така што тие не можеа ниту леб да јадат.
21 И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.
22 А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните.
23 И кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?
24 Ако едно царство се раздели самото против себе, тоа царство не може да се одржи;