26 ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи, но му дошол крајот.
27 Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе покуќнината.
28 Вистина, ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, колку и да хулат;
29 но, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“
30 Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
31 И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32 А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“