3 А Тој му рече на човекот со исушената рака: „Застани насреде!“
4 Ним, пак, им кажа: „Во сабота допуштено ли е да се прави добро или зло; да се спаси една душа или да се погуби?“ А тие молчеа.
5 Па, кога ги изгледа со гнев, натажен поради нивните скаменети срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој ја протегна и раката му стана здрава, како и другата.
6 Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со Иродовците на совет против Него, како да Го погубат.
7 Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу народ од Галилеја и од Јудеја,
8 од Ерусалим и од Идумеја и отаде Јордан. И од Тир и Сидон, откако чуја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него.
9 И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат;