30 Зашто велеа: „Нечист дух има во Него.“
31 И дојдоа мајка Му и браќата Негови, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32 А околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.“
33 А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“
34 Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.
35 Зашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“