5 Па, кога ги изгледа со гнев, натажен поради нивните скаменети срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката своја!“ Тој ја протегна и раката му стана здрава, како и другата.
6 Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со Иродовците на совет против Него, како да Го погубат.
7 Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу народ од Галилеја и од Јудеја,
8 од Ерусалим и од Идумеја и отаде Јордан. И од Тир и Сидон, откако чуја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него.
9 И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат;
10 зашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се допрат до Него.
11 И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: „Ти си Син Божји!“