14 Сејачот го сее словото.
15 Посеаното покрај патот се оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни.
16 Исто така и посеаното на каменито место се оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,
17 но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18 Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,
19 но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно.
20 А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“