2 И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше:
3 „Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее;
4 и се случи, кога сееше, едно семе да падне покрај патот, па долетаа птиците небески и го исколваа.
5 Друго падна на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу изникна, зашто земјата не беше длабока;
6 а кога изгреа сонцето, тоа свена, па бидејќи немаше корен, се исуши.
7 Некое падна на трње; и израсна трњето, го задуши и не даде плод.
8 А друго падна на добра земја и почна да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“