25 Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“
26 Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,
27 па спие, и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае.
28 Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот.
29 А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“
30 И говореше: „Со што да го споредиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?
31 Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;