28 Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот.
29 А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“
30 И говореше: „Со што да го споредиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?
31 Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;
32 а кога ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите зеленчуци, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се вгнездат птиците небески.“
33 И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34 И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.