33 И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34 И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.
35 Тој ден вечерта им рече: „Да минеме на спротивната страна!“
36 И кога го отпуштија народот, учениците Го зедоа, како што беше во коработ, а и други кораби беа со нив.
37 И се подигна бурен ветер, и брановите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе се полнеше.
38 Тој, пак, беше на кормилото и спиеше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“
39 А Тој стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: „Замолкни, престани!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина.