8 А друго падна на добра земја и почна да дава плод, што израсна и узреа; и принесе: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“
9 И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
10 А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетмината, Го прашаа за параболата.
11 И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ е во параболи,
12 за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; за да не би се обратиле некогаш, па да им се простат гревовите.“
13 И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи?
14 Сејачот го сее словото.