1 Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови.
2 И кога дојде сабота, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде Нему ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце?
3 Не е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Симон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ И се соблазнија заради Него.
4 А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“
5 И не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку болни, полагајќи ги рацете врз нив.
6 И се чудеше на нивното безверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7 И ги повика дванаесетмината, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.