12 Тие појдоа и проповедаа покајание.
13 Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
14 И цар Ирод слушна за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“
15 Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.“
16 А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
17 Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, зашто се ожени со неа.
18 Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“