15 Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.“
16 А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
17 Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, зашто се ожени со неа.
18 Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“
19 А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20 Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу работи вршеше откако ќе го слушне, а со задоволство го слушаше.
21 И настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини Галилејски;