Марко 6:16-22 MK2006D

16 А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јо­ван, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“

17 Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Фи­лип, зашто се ожени со неа.

18 Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“

19 А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.

20 Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу работи вршеше откако ќе го слушне, а со задоволство го слу­ша­ше.

21 И настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и ста­решини Галилејски;

22 и влезе ќерката на Иродијада, иг­ра­ше и им угоди на гостите и на Ирод. То­гаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“